Здравство

ЕМСА – Македонија

Европска медицинска студентска асоцијација на Македонија – Македонија е насочена кон подобрување на здравјето и на квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на Македонија, со дејствување за поголема интеракција и за споделување знаења меѓу македонските и европските студенти по медицина.

ЗОНА - Кавацарци

Здружението на граѓани ЗОНА - Кавадарци е невладина, непрофитна и непартијска организација. Формирано е во 2003-та година на територијата на општина Кавадарци. Активно работи на програмите за Намалување на Штети од Употреба на Дроги на ниво на општина Кавадарци од 2005-та година.

СТАР - СТАР

СТАР-СТАР е здружение за заштита, за промовирање и за унапредување на маргинализираните професии, со посебен интерес кон сексуалните работници, кон подобрување на нивниот социјален и здравствен статус, како и кон подигнување на свеста кај општата популација во насока на нивно прифаќање и на почитување на нивните човекови права и слободи

Х.Е.Р.А

ХЕРА се залага за унапредување на човековите права на сите луѓе во областа на сексуалното и репродуктивно здравје, засновани на принципите на социјална правда и родова еднаквост притоа користејќи стратегии на застапување, обезбедување на образование и услуги и континуиран и системски развој и истражување.