Здружение на студенти по медицина

Здружението на студенти по медицина – ЗСМ е доброволно, непрофитно, невладино здружение на студенти по медицина. Формирано е со слободно здружување на студентите заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на статусот на студентите по медицина во граѓанското општество и медицинската фела, како и заради вршење на дејности и активности за подигање на јавната свест, зајакнување на волонтерството и унапредување на можностите за вмрежување на студентите по медицина.

Менаџер на социјални медиуми

Лицето како волонтер во Здужението на студенти по медицина - ЗСМ заедно со останатите администратори на профилите на Facebook и Instagram ќе помага во пишување на објави и интерактивна комуникација со фановите и следачите. Менаџерот ќе ги користи сите аспекти на профилите на Здружението на двете платформи (слики, текст, линк објави, споделувања на релевантни страни, објавување на „story“ и слично. Предност имаат лица кои имаат искуство во работење со Adobe Photoshop и/или Adobe Illustrator.

Апликацијата е испратена!
Настана грешка при испраќање, обидете се повторно