Споделено Знаење

Споделено знаење е организација на викимедијанци со главна цел да раководи со иницијативи и проекти на Википедија за збогатување и подобрување на истата.

Фотограф

На нашиот проект Фотолов, ентузијасти и доброволци-фотографи можат да фотографираат одредени градби или настани во Македонија со цел тие да бидат закачени на страницата на Викимедија и истите тие фотографии подоцна да се користат за статии на Википедија.
Секој што ќе пристапи на овој проект, ќе може да избере една од понудите за фотографирање или да предложи нов предлог односно тема што би ја покрил. За сите трошкови што учесникот би ги направил, нашето здружение ќе ги покрие, се додека не надмине 3,000 денари.

Напомена: Фотографиите мора да се сосема нови и учесникот мора сам да ги закачи. Ние од Споделено Знаење може да му дадеме упатства како правилно да ги закачи.

Страницата за проектот:
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0:%D0%A4%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B2%D0%B8

Страницата за предложените места:
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0:%D0%A4%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B2%D0%B8/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8_%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0

Учесник во наградна кампања (Закачувач на слики на Wikimedia Commons)

  • Почеток: 2020-10-15
  • Времетраење: 2020-11-15

Здружението Споделено Знаење кое се занимава со умножувањето на статиите на Википедија организира фотографски натпревар под називот „Макпортрет“ со цел обезбедување слободни фотографии од познати лица од Македонија кои се занимаваат во полето на културата, науката, уметноста, музиката, спортот, телевизијата, политиката, медицината и други, јасно фотографирани во анфас или профил од блиско растојание.

Со овој натпревар сакаме да собереме фотографии од познати македонски личности, сликани од непосредна близина и тие да бидат и понатаму да се користат од документарен и информативен карактер. Овие фотографии потоа ќе можат да се прикачат на Ризницата на Викимедија под слободна лиценца, а понатаму ќе можат да се користат за илустрирање на статии за тие области на Википедија, како и за други слободни проекти!

Најуспешните учесници според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, и тоа:

Прва награда – денарска противвредност во бруто-износ од 500 евра;
Втора награда – денарска противвредност во бруто-износ од 300 евра;
Трета награда – денарска противвредност во бруто-износ од 200 евра.
Четврта награда – денарска противвредност во бруто-износ од 100 евра.
Петта награда – денарска противвредност во бруто-износ од 100 евра.
Награда за најубава фотографија – денарска противвредност во бруто-износ од 300 евра.

Заинтересираните по пријавата, ќе добијат список на лица од кои можат да закачуваат фотографии на Ризницата (Wikimedia Commons).

Страница за кампањата која претставува и прирачник како се учествува:
*https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0:%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%82
Формулар за аплицирање на docs.google.com
*https://docs.google.com/forms/d/1VSxx30X7s9zZOcD4wh7Se1SlptckoVCFJt3u-kDNsTU/edit#response=ACYDBNjqA0p8SnLfRYuZeaLLsb_ZlT0ijse8qRzOkY0twMSFujALacGE3j8rdX_ADdoKOTQ

Дознај повеќе

Апликацијата е испратена!
Настана грешка при испраќање, обидете се повторно