
SMARTUP - Лабораторија за социјални иновации Скопје
СмартАп е лабораторија за социјални иновации која работи на поврзување на различните засегнати страни во еден еко-систем кој промовира и развива социјални иновации со цел градење на општество кое е општествено, економски и еколошки одржливо. Целта на организацијата е градење на капацитите на луѓето и обезбедување на алатки преку кои тие ќе можат активно да учествуваат во решавањето на општествените предизвици.