
Младински Совет Нова Генерација
Младински Совет Нова Генерација е граѓанско здружение управувано од млади луѓе формирано во февруари 2010 година. Нова Генерација промовира личен и социјален развој кај младите луѓе преку учество во младински размени, тренинг курсеви, семинари и слични активности базирани на неформална едукација и интер-културно учење.