Македонска Кјубинг Асоцијација

Македонската Кјубинг Асоцијација е здружение на „кјубери“ основано во Август 2018. Целта на здружението е да се промовира speedcubing во Македонија. Speedcubing е прилично нов термин, а подразбира брзо местење на познатата рубикова коцка, како и други форми и варијации од истата. Преку МКА градиме заедница од кјубери која ќе ни помогне да може често да правиме кјуберски средби, да одиме на натпревари во што поголем број, и да организираме официјални натпревари во Македонија. Како заедница ги спојуваме сите оние кои ја делат љубовта кон speedcubing.

Апликацијата е испратена!
Настана грешка при испраќање, обидете се повторно