
ИН ВИВО Скопје
Во фокусот на активностите на нашето Здружението се активности со кои ќе се подигне свеста кај јавноста за социјалните и економските предизвици со кои нашето општество се соочува, но и ќе се развиваат решенија кои би помогнале за намалување и надминување на овие предизвици. Визијата на Здружението е: Достоинствени социо-економски услови и соодветна инклузија во сферите на опшествено живеење за сите граѓани на нашата земја, како основа за соодветна промоција на Европските и традиционалните вредности на Република Македонија. Мисијата на Здружението е: Креирање и поддршка на иницијативи за подобрување на условите за живеење, учење и работа во Република Македонија.