
Федерација за планинарски спортови на Македонија
ФПСМ е здружение на граѓани и покривна организација на 43 планинарски клубови низ цела РСМ во кои членуваат околу 2000 планинари. Во рамките на ФПСМ има 100-тина планинарски водичи кои волонтерски водат низ планина и 30-тина маркацисти кои ги обележуваат и одржуваат планинарските патеки, повторно на волонтерска основа.