Технологија

БЕСТ Скопје

Борд на Европски Студенти по Технологија, е интернационална непрофитна и неполитичка студентска организација, организирана и водена целосно од студенти. БЕСТ ги поврзува студентите од 96 технички универзитети во 33 земји во мрежа која е одржувана преку голем број на заеднички проекти, интереси и пријателства.

1 позиција

ИАЕСТЕ Македонија

ИАЕСТЕ Македонија е независна, невладина, неполитичка, волонтерска и студентска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса. Таа е полноправен член на Меѓународната организација ИАЕСТЕ.

1 позиција

ESTIEM LG Скопје

ESTIEM е организација за Европски Студенти за Индустриско Инженерство и Менаџмент, кои ги комбинираат технолошките познавања со менаџерските способности. Нашата цел е да се создадат и оддржат врски меѓу студенти ширум Европа како и поддржување на нивниот личен и професионален развој.

SmartUp - Лабораторија за Социјална Иновација

Целтта на организацијата е да се поддржат и развијат социјални иновации и бизниси како одговор на критични социјални предизвици, пазвој на еко систем од социјани иновации кои ги вклучуваат јавните и привани сектори, академијата и невладините организации, со тоа правејќи социјално, економско и еколошко оддржлива заедница.

ЕЕСТЕК ЛК Скопје

Целта на организацијата е да воспостави контакти помеѓу самите студенти како и помеѓу студентите и нивните идни работодавачи. Интернационалните собири, организирани од локалните комитети на EESTEC, имаат за цел да ги развијат и подобрат организациските и комуникациските способности на идните инженери, како и воспоставување размена на идеи и техничко знаење и стекнување лично и професионално искуство.

Здружение на информатичарите на Македонија

Граѓаните се здружуваат во Здружение на информатичарите на Македонија заради вршење дејности и активности со цел за негување, популаризација и унапредување на информатиката и нејзината примена, подобрување на својот статус и статусот на информатиката во општеството, како и задоволување на потребите од стручни лица и стручна помош во институциите и организациите во државата.

Слободен софтвер Македонија

Слободен софтвер Македонија е непрофитна организација која се занимава со слободен софтвер и слободна култура во Р. Македонија. Слободен софтвер Македонија е посветена на промовирање на слободен софтвер и создавање на свест како за економскиот така и за социо-етичкиот контекст на слободниот софтвер...