Студентски Организации

БЕСТ Скопје

Борд на Европски Студенти по Технологија, е интернационална непрофитна и неполитичка студентска организација, организирана и водена целосно од студенти. БЕСТ ги поврзува студентите од 96 технички универзитети во 33 земји во мрежа која е одржувана преку голем број на заеднички проекти, интереси и пријателства.

1 позиција

ИАЕСТЕ Македонија

ИАЕСТЕ Македонија е независна, невладина, неполитичка, волонтерска и студентска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса. Таа е полноправен член на Меѓународната организација ИАЕСТЕ.

1 позиција

AIESEC Македонија

AIESEC e глобална, невладина, независна, непрофитна и младинска организација предводена од студенти која преку решавање на светските проблеми се стреми да го развие лидерскиот потенцијал кај младите преку волонтерски и професионални пракси достапни во 126 земји и територии.

ESTIEM LG Скопје

ESTIEM е организација за Европски Студенти за Индустриско Инженерство и Менаџмент, кои ги комбинираат технолошките познавања со менаџерските способности. Нашата цел е да се создадат и оддржат врски меѓу студенти ширум Европа како и поддржување на нивниот личен и професионален развој.

Асоцијација на студенти по социјална работа

Асоцијацијата на студенти по социјална работа постои за да ги застапува интересите, правата и слободите и за отварање на нови можности на студентите по социјална работа и социјална политика. Мисијата на „АССР“ е овозможување на студентите да се активираат, да се стекнат со нови знаења и искуства кои ќе овозможат полесно вработување или самостојно покревање на нови граѓански иницијативи кои ќе бидат од добротворен, образовен или културен карактер.

Дебатни клубови на УКИМ

Дебатните клубови се неформални здруженија на студенти кои функционираат на Економскиот факултет, Скопје; на Филозофскиот факултет, Скопје и на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Нивната цел е да ги обучат студентите за компетитивно дебатирање во форматот британска парламентарна дебата, како и да ја прошират идејата за аргументирано комуницирање и изразување во академската средина.

ЕЕСТЕК ЛК Скопје

Целта на организацијата е да воспостави контакти помеѓу самите студенти како и помеѓу студентите и нивните идни работодавачи. Интернационалните собири, организирани од локалните комитети на EESTEC, имаат за цел да ги развијат и подобрат организациските и комуникациските способности на идните инженери, како и воспоставување размена на идеи и техничко знаење и стекнување лично и професионално искуство.

ЕМСА – Македонија

Европска медицинска студентска асоцијација на Македонија – Македонија е насочена кон подобрување на здравјето и на квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на Македонија, со дејствување за поголема интеракција и за споделување знаења меѓу македонските и европските студенти по медицина.

Еразмус студентска мрежа

ЕСМ работи на обезбедување помобилна и пофлексибилна образовна политика заради поддршка и развивање на студентската мобилност на сите нивоа и заради овозможување меѓукултурно искуство на оние студенти кои се оневозможени да одат на размена (интернационалнизација дома)

Здружение на Шумарскиот факултет

Нашата организација се залага за: поттикнување активности кај студентите од шумарство; озеленување и унапредување на животната средина; збогатување на нивните стручни познавања и искуства; обезбедување и дистрибуција на информации до студентите од областите шумарство и животна средина...

Истражувачко друштво на студенти биолози

Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ) е младинска истражувачка организација, која се занимава со едукација на студентите и членовите во областа на биологијата како и истражување и изучување на биодиверзитетот на Р. Македонија.

Секој Студент

Мисијата на Секој студент е да помогне во развојот на идните водачи на општеството. Нашата цел е лична изградба на секој студент во Македонија во четирите области: интелектуално, социјално / емоционално, духовно и физички. Ова е посебно важно за студентите затоа што тие, како идни водачи, се ностители на товарот на општеството и неопходно е да се развиваат во сите овие области.

Универзитетско радио - СТУДЕНТ ФМ

СТУДЕНТ ФМ 92.9 е радио на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје. Неговата главна цел е да биде медиум за студентите во секоја смисла на зборот – за идните новинари, место за практикување на знаењата стекнати за време на студиите...