Младински Активизам

Волонтерски Центар Скопје

Невладина младинска организација основана во 2005 година. Главната цел на организацијата е да се овозможат неформални едукативни можности на младите, во различни полиња, на локално и интернационално ниво; да се промовира идеата на волонтерство и да се поврзат млади без разлика на националеност, политички, економски или социјален статус

3 позиции

Креактив

Креактив е младинска организација која промовира активно младинско граѓанство преку креативни и иновативни идеи. Креактив се залага за поголема вклученост на младите во процесот на донесување одлуки, на локално и на национално ниво, кои директно ги засегаат младите.

ЛГБТ Јунајтед

Целта на ЛГБТ Јунајтед – Македонија е да го зачува и да го промовира почитувањето на основните човекови права на ЛГБТ популацијата, т.е. овозможување еднаков пристап до здравствените и до другите основни социјални и правни услуги, осигурувајќи еднаквост и вклученост на ЛГБТ популацијата во сите сфери на животот, преку создавање клима на поддршка и средина на толеранција која прифаќа слободи и разновидност.

Младите можат

Младите можат е невладина непрофитна и независна граѓанска организација чија цел е да ги поттикне младите луѓе да земат активно учество во развојот на демократското општество преку промовирање активно граѓанство и младински активизам. Организацијата е формирана од млади луѓе за млади луѓе и функционира на тој принцип.

Национален младински совет на Македонија

Мисија на Националниот младински совет на Македонија е да ги претставува интересите и потребите на младите луѓе како врска со сите чинители и да обезбеди вклучување и активно учество на младите во процесот на донесување одлуки на секое ниво.

НОВУС

Центарот за истражување и анализи НОВУС Струмица е организација која делува на локално, регионално и државно ниво е насочена кон подобрување и подигнување на општествената положба и свест на граѓаните и младите, со посебен акцент на заштита и афирмација на основните човекови права и слободи, загарантирани со Уставот...

Секој Студент

Мисијата на Секој студент е да помогне во развојот на идните водачи на општеството. Нашата цел е лична изградба на секој студент во Македонија во четирите области: интелектуално, социјално / емоционално, духовно и физички. Ова е посебно важно за студентите затоа што тие, како идни водачи, се ностители на товарот на општеството и неопходно е да се развиваат во сите овие области.

СТАР - СТАР

СТАР-СТАР е здружение за заштита, за промовирање и за унапредување на маргинализираните професии, со посебен интерес кон сексуалните работници, кон подобрување на нивниот социјален и здравствен статус, како и кон подигнување на свеста кај општата популација во насока на нивно прифаќање и на почитување на нивните човекови права и слободи

Ц.С.И. Надеж

Центар за Социјални Иницијативи - Надеж е невладина организација, која што се стреми за социо-економска интеграција на маргинилизираните заедници, со фокус на Ромска младина, преку едукативна поддршка, помош при искажување на нивните социјални права и промоција на мирен соживот.

Центар за Меѓукултурен Дијалог

Мисијата на Центарот за Меѓукултурен Дијалог (CID) е да се промовира и поддржи меѓукултурно разбирање и соработка, мир и солирадност преку активно учество на младите во општеството, и посебно преку волонтество на локално и интернационално ниво.

Центар за младински активизам КРИК

Центарот за младинскиот активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Крик се стреми кон поттикнување на поголема партиципација на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво.